Весели со апел до граѓаните: Излезете масовно на 30. септември и изјаснете се на референдумот

 Апел до сите граѓани на Репубика Македонија в недела, на 30 септември, да излезат масовно и да се изјаснат на референдумот за Договорот со Грција со цел да се отвори патот на интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО, упати денеска  во Скопје претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели.

Тој на заедничката прес-конференција со неговиот домаќин Талат Џафери истакна дека Косово ја почитува волјата на граѓаните на Република Македонија и нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. 

- Даваме силна поддршка на постигнатиот договор меѓу Република Македонија и Република Грција. Истовремено ние како Република Косово сакаме да му дадеме иста таква насока на дијалоот што го водиме со Србија за постигнување коммпромис и ние да почнеме како суверена и независна држава да го  финализираме нашето патување кон ЕУ, истакна Весели.

Нагласи дека сега е време на една нова струја на постигнување компромиси, што ќе даде полет земјите и граѓаните да одат напред кон подобра иднина. 

 

Џафери истакна дека Собранието и институциите во моментов се фокусирани на успешно спроведување на референдумот.

- Уште еднаш апелирам до сите кои се уште се двоумат во однос на потребата од излегување на гласање. Референдумското изјаснување не е изјаснување за статусот на политичарите, не е изјаснување за статусот на политичките партии, тоа се случува на избори. 30 септември не е гласање за избори, тоа е гласање за избор дали ќе одиме во иднината или ќе останеме во статус квото, заробени во минатото, рече Џафери.

Тој изрази уверување дека граѓаните на Република Македонија се определени за иднината затоа што, како што рече „со гласањето на 30. секој граѓанин ќе има можност да одлучи индивидуално за себе, за своето семејство, за сите граѓани, за државата“. 

 

 

 

27.09.2018 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега