Зекири: Убедени сме во успешноста на референдумот

Апсолутно и кампањата ги даде своите резултати, а тоа ќе се потврди и на денот на гласањето, в недела, на 30 септември. Мислам дека и на тие што беа во некаква недоумица, веќе им стана јасно што значи за граѓаните на Република Македонија успешен референдум и членство во ЕУ и во НАТО, вели пратеникот и потпретседател на СДСМ, Михамед Зекири во интервјуто за „Нова Македонија“.

– Ние сме убедени во успешноста на референдумот. Убедени сме дека мнозинството граѓани, односно повеќе од половината од тие што ќе излезат на гласање ќе бидат за европска Македонија и ќе гласаат позитивно во однос на членството на земјата во ЕУ и во НАТО и прифаќање на договорот меѓу Македонија и Грција. Дури и премиерот Зоран Заев изјави дека ако има само еден глас повеќе „против“, ние во Собранието ќе ја поништиме постигнатата спогодба од Преспа. Но убедени сме дека нема да се случи тоа, зашто и од анкетите и од расположението на граѓаните што го видовме во текот на кампањата, увидовме дека тие се за европска Македонија. Македонија нема друга алтернатива, вели Зекири.

 

 

 

27.09.2018 - 12:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа