Нафтата најскапа во последните 4 години - од понеделник ново поскапување на горивата во Македонија

По вчерашното благо намалување, денеска нов скок на цената на суровата нафта на светските берзи. Во моментов барел северноморска нафта од типот „брент“ на берзата во Лондон се продава за 81,4 долари за барел.
Цената ја проби границата од 80 долари уште во понеделникот со скок од над 2 долари во само 1 ден тргување.  Цените се највисоки во последните 4 години


Минатиот понеделник кога регулаторот ја определи максималната малопродажна цена, барел нафта чинеше 77,2 долари во просек во претходните 2 недели.
На пресметката во понеделник извесно е дека просекот ќе биде околу 80 долари за барел, што е за околу 3 долари повеќе.
Минатиот понеделник, кога просечната цена нафтата скокна за 2,7 долари по барел, во Македонија 98 октанскиот супер немаше промени во цената и остана на 74 денари. За половина денар поскапи 95 октанскиот супер и сега чини 72,5 денари за литар.
Најголемо поскапување имаше кај дизелот чија цена се зголеми за 1,5 денари по литар и сега се точи за 66 денари.
За очекување е во овие рамки да се движи и поскапувањето идниот понеделник, доколку нема посериозни промени на цената на нафтата на светските берзи.

А бројни експерти на меѓународните фондови предупредуваат за можноста за нова нафтена криза. Според нив, актуелните политички случувања и тензиите меѓу крупните играчи на светските пазари можат повторно да ја зголемат цената на нафтата на над 100 долари за барел, што ќе значи вистински ценовен шок за граѓаните и многу повисоки цени во малопродажба.

 

 

 

27.09.2018 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега