Уапсени двајца дилери на дрога во Кичево

 

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против 26-годишниот Б.Д. и 31-годишниот С.М, двајцата од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци прекурсори“.

Б.Д. набавил 1.184 грама марихуана и 55 таблети диоксиметамфетамин и на почетокот на септември ги сокрил во гаража на второпријавениот С.М.. Дрогата била пронајдена и одземена на 25.09.2018 година при претрес на полициски службеници во домовите на пријавените.

 

 

 

27.09.2018 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега