Пренасочување на сообраќајот во Скопје - избегнувајте ги овие улици

 Министерството за внатрешни работи информира дека денеска во периодот од 19 до 20 часот во Скопје ќе се одржи собир на граѓани и поради тоа во тој период ќе се изврши пренасочување на сообраќајот на ул. „11 октомври“ на потегот од крстосницата со ул. „Даме Груев“ и крстосницата со булевар „Кочо Рацин“ во двата правци.

Во денешното соопштение од МВР се подвлекува дека го почитуваат правото на слободно и јавно изразување на мислата, но истовремено апелираат граѓаните да се воздржат од преземање насилни активности за да се сочува јавниот ред и мир.

- МВР, согласно своите законски обврски и надлежности, ќе спречи секакви можни обиди за нарушување на јавниот ред и мир и сигурноста на граѓаните, стои во соопштението. 

 

 

 

27.09.2018 - 09:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега