Германските доктори препорачуваат - природен начин да го излекувате гастритисот
Без разлика дали станува збор за гастритис, киселини во желудникот, нетолеранција на некоја храна или стрес – болката во стомакот е секако непријатна.
Секако, таа не може магично да исчезне, но може да направите нешто за да се намали, без да консумирате лекови или да одите на доктор, доколку знаете дека не е ништо сериозно.
Во продолжение неколку домашни и природни лекови кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката во стомакот:
Лута црвена пиперка
Црвената лута пиперка е природен анестетик и може да помогне да се намали болката и непријатното чувство во стомакот, освен ако не реагирате лошо на неа.
Исто така, помага и за побрзо варење на храната, но имајте на ум дека треба да ја комбинирате со друго јадење кога ја консумирате.
Јога
Многу јога пози може да ви помогнат за полесно варење на храната и да овозможат движење на храната низ цревата.
Ѓумбир
Ѓумбирот има одлично влијание на здравјето на стомакот, бидејќи ги намалува воспаленијата исто како и некои медицински лекови.
Ја подобрува циркулацијата на крвта и помага во полесно варење на храната, како и полесно движење низ цревата.
Спречува гасови и ги релаксира мускулите во тој предел, заради што помага во ослободување од болка.
Ментол
Ментолот претставува прва одбранбена линија при проблеми со стомакот, бидејќи многу го смирува дигестивниот систем и помага при болки во желудник, неправилна дигестија, грчеви, гадење, гасови и слично.
Ориз
Исто како компирот и овесните снегулки, исто така и оризот помага за полесна дигестија и има смирувачки ефект. Оваа храна не останува долго во стомакот и не создава киселини.
Топлина
Топли облоги на стомакот исто така помагаат за релаксирање на мускулите и за намалување на болката и грчевите.
Есенцијални масла
Маслата од ментол, ѓумбир, оригано, кокос, арган и други слични есенцијални масла помагаат во ослободување од болка и за подобрување на дигестија, а дури и за менструални мачнини во пределот на стомакот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа