Дваесет години се обидувале да добијат дете - кога се вратила од лекар, тој веднаш заплакал

 

Токму кога ќе се откажеме од своите соништа и кога ќе помислиеме дека веќе нема надеж, се случува нешто што ни дава сила и мотивација да продолжиме напред.

Удона и Чак Херберт се венчале во 1995 година, па одлучила да основаат семејство. Нивните соништа набрзо биле срушени кога дознале дека нема да можат да имаат деца.

Телото на Удона едноставно само одбивало ембриони, рекле лекарите. Парот од Луизијана бил скршен од ваквата вест.

Удона почнала да има болки во стомакот, вртоглавица и грччење во јануари 2016 година.

Не ни помислувала дека можеби е бремена, се исплашила дека можеби се симптоми на рак. Почнала да чувствува и треперење во стомакот.

Но, се испоставило спротивното, односно дека е бремена и дека овој пар конечно си ја исполнил својата најголема желба - да станат родители.

Таа се вратила од преглед на лекар и му соопштила на својот сопруг за убавата вест, а тој од среќа и неверување заплакал.

Сега тие се среќни родители на малиот Брук Мајор Хеберт.

Udona i Čak Herbert

 

 

 

25.09.2018 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега