СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не лаже и да се вклучи во процесот ЗА европска Македонија

Премногу лажни вести и манифестација на крајна неодговорност кон интересите на државата, граѓаните и иднината од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Невистините што секојдневно ги шири опозициската партија веднаш се демантирани од различни страни, денеска од страна на Македонската информативна агенција.

ВМРО-ДПМНЕ лаже кога вели дека со Договорот со Грција се брише македонскиот идентитет, македонската историја и посебност. Напротив, Договорот ги зајакнува и гарантира македонскиот идентитет, македонскиот јазик и македонската посебност кои стануваат признаени од целиот свет, вклучително и од Грција.

Членство на Македонија во ЕУ и НАТО со признаен идентитет е огромна, историска придобивка околу која сите сериозни политички субјекти коишто и мислат добро на државата и граѓаните треба да се обединат.

ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе од деструктивната матрица, да се приклучи кон процесите што обезбедуваат подобра иднина и да ги повика своите членови на 30 септември да гласаат ЗА европска Македонија.

Центар за комуникации на СДСМ 

 

 

 

22.09.2018 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа