Сузана Манчиќ без влакна на јазик: Откри се за првата брачна ноќ и зошто е сопругот незадоволен

 

Популарната водителка Сузана Манчиќ неодамна и официјално стапи во брак со својот долгогодишен љубовник, грчкиот бизнисмен Симеон Оцомокос, но не се пресели туку патува, па вели тоа го вади од такт сопругот.

- „И Симеон постојано за тоа ме прашува. Основна причина што не се преселив сосема во Атина е мојот водителски ТВ ангажман. Јас се’ уште работам и имам обврски во Белград. Освен тоа ќерка ми се уште не дипломирала, а и законите за добивање грчко државјанство и пасош не се нешто многу благонаклонети. Ми рекоа: г-ѓа Манчиќ. прво треба 12 години непрекинато да живеете во Грција во брак со Вашиот сопруга, па потоа би можеле да… Нека – благодарам!“, вели таа.

-„А што се однесува до првата брачна ноќ… Па како да ја минеме после сиот тој свадбен метеж? Легнавме и заспавме од отепани од замор! Но, не грижете се, имавме ние двајца доволно убави ноќи и пред и по свадбата…“, вели Сузана во свој стил.

 

 

 

22.09.2018 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега