Кирацовски: Влезот во ЕУ и НАТО значи повеќе можности за младите

 

На 30 септември ќе донесеме историска одлука која се однесува на иднината, и која се однесува за доброто на идните генерации, на доброто на младите. Влезот во ЕУ и НАТО целосно ги отвора перспективите и нуди неограничени можности за младите, рече Александар Кирацовски од СДСМ.

– Со почетокот на преговорите, а потоа и со членството во ЕУ, младите од Македонија ќе бидат рамноправни со своите врсници од Европа. Полесен пристап до стипендии и школарини, можности за пракса, обука и специјализации во земјите на ЕУ, слободно патување, дружба и размена на искуства и знаење од развиените држави се само дел од придобивките со членството во ЕУ, додаде Кирацовски.

Како што кажа тој, за младите претприемачи тоа значи и слободен пристап на пазар од 500 милиони потрошувачи, додека за младинските организации значи и поголема соработка и креирање на квалитетни младински политики.

– Младите во Македонија ги препознаваат придобивките од членството во ЕУ и НАТО и затоа се силно определени ЗА европска Македонија. Младите луѓе први ги најавија промените и сега први ја најавуваат иднината во европска Македонија. На 30 септември, младите масовно ќе заокружат ЗА влез во ЕУ и НАТО и затоа ве повикувам сите да го следиме нивниот пример и на 30-ти септември сите заедно да заокружиме ЗА европска Македонија, рече Кирацовски.

 

 

 

21.09.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега