Филе сака да се увери дека спорот за името е заглавен - во понеделник на средба со Нимиц

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, во понеделник ќе оствари средба со посредникот на ОН за спорот за името Метју Нимиц, пишува МИА.

Филе и Нимиц ќе се сретнат ма помалку од еден месец пред да ЕК да го објави најновиот прогрес-извештај за напредокот на земјава во евроинтеграциите. Според МИА, Филе сака да се увери дали навистина спорот со името е дотолку заглавен. 

- Во контекст на неговите редовни контакти со заинтересираните страни, комесарот Филе е предвидено в понеделник во Њујорк да се сретне со Метју Нимиц, вели портпаролот на Филе, Петер Стано за МИА.

Од Комисијата не сакаат да информирааат дали Филе и НИмиц ќе разговараат за можен нов предлог за решавање на спорот за името, но јасно е дека намерата на Филе е да ја испита состојбата со цел да знае дали на 16-ти октомври, како и лани да предожи нешто слично во однос на тоа Македонија да ги почне преговорите за членство со решавање на наметнатиот спор од Грција во раната фаза од преговорите.

 

20.09.2013 - 15:48

најчитано сега