Горан Каран ограбен среде центарот на градот
Познатиот сплитски пејач, 54 годишниот Горан Каран се најде на мета на непознат крадец кој вечерта петок кон сабота од автомобилот на пејачот во центарот на Загреб му ги украл музичките инструменти.
Кражбата се случила во период од 15 часот во петокот кога својот Опел со сплитски регистарски таблички го паркирал, па до 10 часот наутро во сабота кога било воочено искршеното стакло.
Со себе крадецот или пак повеќемина крадци однеле неколку музички инструменти, чија вредност се проценува на околу 40.000 куни, што е скоро 5 и пол илјади евра.
Полицијата од местото на кражбата ги земала сите траги кои крадецот евентуално ги оставил при својата акција, а можеби и надзорните камери снимиле нешто што може да и помогне на полицијата.
Дали ќе им се влезе во трагата, ќе покаже истрагата. Оваа неволја Каран го снајде после успешната турска турнеја.
Поголемиот број од станарите велат дека не знаат ниту виделе полиција, но појаснуиваат дека често гледаат „шетачи како подзабавено се движат околу автомобилите“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа