Венизелос и Бан Ки-Мун очи во очи - прашањето за името главна тема на разговор

Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос утре ќе отпатува во САД, каде во недела треба да се сретне генералниот сектретар на ОН Бан Ки Мун. Според информациите до кои стигнала Македонската информативна агенција, на средбата во Њујорк ќе биде ставен акцент на прашањето за името на МАкедонија, а ќе се зборува и за Кипар и ситуацијата на Блискиот Исток.

Венизелос ќе ја напушти Америка по неговото обраќање на 68. Генерално собрание на Обединетите нации на 27. сепрември, а веќе утредента во Њујорк ќе пристигне грчкиот премиер Андонис Самарас.

Венизелос, 12-ти септември ја информираше Парламентарна комисија за национална одбрана и надворешна политика за неговата средба со медијаторот Метју Нимиц, информирајќи дека следниот состанок во врска со прашањето за името најверојатно ќе се одржи последната седмица од септември во Њујорк. Тој уште еднаш повтори дека Атина е за сложено име со географска одредница што се однесува на географскиот поим на името, а не на „политичкиот термин“, и дека прифаќа само  ерга омнес решение.

Грчките медиуми пишуваа дека Нимиц планира да ја искористи ситуацијата кога Венизелос и шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во исто време ќе бидат во Њујорк кон крајот на септември, за да одржи уште една рунда состаноци.

 

20.09.2013 - 13:06

најчитано сега