Зимница за гурмани: Пеглани пиперки со лукче
Пегланите пиперки со лукче се вистинско освежување во зимските месеци. Вака наредени во тегла секогаш се подготвени за консумација, а ако сакате малку луто, можете во теглата да додаете некоја чили пиперка, чисто да додаде лутина.
Состојки
6 кг црвени пиперки
250 гр шеќер
250 гр сол
250 мл зејтин
4 моркови
1 китка магдонос
4 главици лук
1 шоља есенција
Подготовка
1. Пиперките ги чистиме од дршките и семките од внатре, ама остатокот од пиперката треба да ни остане цел.
2. Морковот ситно го рендаме.
3. Лукот го чистиме и ситно го сечкаме, како и магдоносот.
4. Сите состојки ги соединуваме и со смесата ги полниме пиперките. Ако ни остане од смесата, ставаме врз пиперките.
5. Ги редиме во еден сад врз кој ќе може да ставиме нешто тешко. Вака се оставаат да отстојат 24 часа, при што ќе пуштат од сопствениот сок.
6. Ги ставаме во тегли и залеваме од течноста.
Од оваа доза излегуваат две тегли од 3 кг и една од 750 гр.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа