Заев од Крива Паланка: Народот секогаш носел мудри одлуки, ќе гласа за европска Македонија, колку и некој да не кажува став

Здружени сме сите, затоа што се работи за иднината на Македонија.

 

 Перспективите се во ЕУ и НАТО, рече премиерот Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.

 

 -Заедно сме бидејки знае бизнисот дека се отвораат европски пазари. И во малите дуќанчиња знаат дека ќе има повеќе промет, штом граѓаните имаат повеќе пари. И спортистите целат кон Европа. И синдикатите знаат дека ќе се унапредат работничките права и ќе има поголеми плати. Ако народот има пари и економијата во државата ќе расте додаде претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

 

 Тој рече дека престојниот референдум и предреферендумската атмосфера покажуваат дека живееме во демократија што го отвори патот кон ЕУ и НАТО.

 

 -Штом Македонија тоа го има обезбедено, ќе чекориме по вистинскиот пат, па колку некој да не е одлучен и да не кажува ставови. А мора да кажува. Имаме народ што секогаш носел мудри одлуки, рече премиерот Заев.

 

Тој ги повика граѓаните да се гордеат со постигнатото со договорот од Преспа што осигурува членството на Македонија во ЕУ и во НАТО.

 

 

-Ја остваривме вековната определба, да сте горди, држава признаена од цел свет, со потврден идентитет, во која што живее македонски народ, што зборува потврден македонски јазик. Тоа го направивме со памет и со љубов, ова е огромна придобивка, рече претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

 

Тој посочи на поддршката што ја има и ја добива Македонија од целиот свет.

-Доаѓа цел свет да го потврди тоа што го правиме, тоа е европско однесување, да бидете горди и со Македонија и со иднината на Македонија. Утре сум во Стразбур, во ЕП ќе зборувам за перспективите на Македонија, а земјата сеуште не е членка на ЕУ, додаде премиерот Заев.

 

-Ќе и покажеме на Европа и дека има граѓани и земји коишто имаат и успешни референдуми. Затоа што убеден сум дека на 30. септември ќе гласаме за европска Македонија, рече претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, на трибината со граѓаните на Крива Паланка.

 

 

 

12.09.2018 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега