Судот одлучи: 13 години затвор за жената која ја продаваше штитеничката на „Ранка Милановиќ"

13 години затвор за трговија со дете доби Мајмире Дестанова која ја продавала по градови, во кафани и на таксисти и се заканувала и ја тепала 12 годишната штитеничка на домот „Ранка Милановиќ“, пренесе Телма.

По 12 години затвор, што е минимална казна за трговија со дете, добија Ерол Јашаров и Сезар Раимов кои сексуално го злоставувале и малтретирале девојчето. 

на денешното судско рочиште сите признале вина и каење.

Дестанова се обиде да ги разубеди судиите и дека не знаела дека девојчето е малолетно. Нејзиниот адвокат ќе поднесе жалба.

 

 

 

12.09.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега