ФОТО: Проговоре страшниот кловн кој ги плашеше жителите на Нортхемптон!

 

Страшниот кловн од Нортхемптон кој се појави на петок 13 и само стоеше на улица без да каже збор, плашејќи ги граѓаните, конечно прозборе во ексклузивно интервју за локалните медиуми.

Сега веќе светски познатиот кловн изјави дека неговото појавување било само "невина забава" и дека тој немал намера никого да исплаши. 

- Луѓето сакаат кога некој малку ќе ги збуни или исплаши. Ова беше како во хорор филм, но кога луѓето ќе се исплашат и ќе сфатат дека нема причина за тоа, потоа се смеат, изјавува кловнот.

Според зборовите на тамошните новинари, кловнот се појавил на неколку локации во Нортхемптон и само ги гледал луѓето, ниту им зборувал ниту им правел нешто, само стоел и гледал. 

За кловнот се појави и фан страница на Фејсбук која им се допадна на многу луѓе.

20.09.2013 - 10:48

најчитано сега