Денеска низ Скопје без автомобили - велосипедисти ќе го окупираат центарот на градот

Денеска низ Скопје без автомобили. По повод Европската недела на движење, денеска во ќе се одржи велосипедско дефиле под мотото „Во град без мојот автомобил“. Велосипедистите ќе тргнат во 11 часот пред плоштадот „Пела“, а целта е Школката во Градскиот парк.

Дефилето е организирано од Град Скопје, Министерството за животна средина и просторно планирање и Делегацијата на Европската унија во Македонија. На велосипед ќе се качи и скопскиот градоначалник Коце Трајановски.

Велосипедистите ќе тргнат од плоштадот „Пела“, ќе поминат низ „Порта Македонија“, ќе се движат по улицата „11 Октомври“ и низ булеварите „Кочо Рацин“, „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Јане Сандански“. На крстосницата со булеварот „Србија“ се прави полукружно вртење и велосипедистите ќе се вратат по булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“ „Крсте Мисирков“, „Гоце Делчев“, „Илинден“. Влезот  во Градски парк е меѓу паркингот на Зоолошката градина и бараките на Град Скопје, до Школка во Градски парк.

Околу 12 часот, на Школката во Градскиот парк ќе се одржи манифестација на која ќе се обрати скопскиот градоначалник. За велосипедистите ќе има награди, а за првпат во Македонија ќе се организира Саем на велосипеди од познатите светски брендови.

Како што информираат од Град Скопје, додека велосишедистите возат по скопските улици, ќе има краткотраен прекин на сообраќајот.

Градските власти ги повикуваат сите граѓани и институции да ги остават паркирани своите возила и да се одлучат за велосипеди, да пешачат или да користат јавен превоз.

20.09.2013 - 09:10

најчитано сега