Невреме во Македонија - силен ветер дожд и град

 

 Македонија од попладнево ја зафати невреме со силен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и локална појава на град. 

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека нестабилното време ќе продолжи и во тек на престојниот викенд и почетокот на наредната недела.

Утре претпладне  времето ќе биде сончево  и топло со умерена облачност, а попладне нестабилно  облачно со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Температурата  на воздухот ќе се движи од 24  степени до  31 степен. В недела ќе има поизолирани  процеси на нестабилност со пороен дожд и грмежи, со температура  на воздухот од 25 до 32 степени.

На почетокот на наредната недела  ќе има благо опаѓање  на температурата на воздухот, пооблачно време со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи. Стабилизација на времето се очекува од средината на наредната недела.

најчитано сега