Заев: Новиот дел на „8-ми септември“ ќе наликува на европските болници

 

Тоа што го нуди новиот оддел за трауматологија во ЈЗУ ГОБ  „8ми Септември“ наликува на условите на големите медицински центри низ Европа, нагласи премиерот Зоран Заев, изразувајќи воодушевување од она што е сработено. 

- Проценките се дека во двете операциони сали ќе се изведуваат и до 2.000 операции и интервенции годишно. Дел од работата на одделото ќе биде и постојана медицисна едукација на доктори-специјалисти и доктори на специјализација од областа на ортопедијата и трауматологија, објасни Заев. 

Истакна дека го радува фактот што одделот ќе профункционира во пресрет на еден од најважните датуми во историјата на Република Македонија, Денот на независноста на нашата земја, односно истовремено и на деветтиот патронен празник на болницата „8ми Септември“.

- Сите заедно ќе креираме политика за натамошно унапредување на состојбата на здравствениот систем. За остварување на таа цел секако имаме поддршка и од Европската унија, Унијата годишно издвојува 90 милиони евра. Оваа финансиска помош со зачленување на земјата во ЕУ ќе порасне неколкукратно и тогаш не само нови одделенија, туку ќе отвораме и нови болници, ќе има повеќе средства во буџетите на болниците, како и повеќе пари за современи лекови, а производ од сето тоа ќе бидат уште позадоволни пациенти, потенцираше премиерот. 

 

 

 

07.09.2018- 16:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега