Се реконструираат улиците во Драчево

Екипи на фирмата Бауер БГ ДОО – Скопје почнаа машинско гребење и асфалтирање на ударни дупки на неколку сервисни улици во населбата Драчево. Изгребани се 400 метри квадратни асфалтна маса.

По машинското гребење, се извршило чистење, прскање и премачкување со емулзија, машинско набивање и пополнување со асфалтна маса. Поставени се околу 40 тони нова асфалтна маса.

Санација на ударните дупки се изведува и на улицата „Славка Димкова“ во Драчево. Од општина Кисела Вода апелираат граѓаните да ја избегнуваат за сообраќај оваа улица се до завршување на градежните работи.

19.09.2013 - 16:36
Фото: 
Скопје инфо