Димовски: Рамката на дијалогот е поставена во препораките на Ад хок комисијата

Правиме извонредни напори и интензивно работиме и комуницираме за имплементација на препораките на извештајот околу 24 декември. Во оваа фаза не можеме да имаме различни ставови затоа што рамката на институционалниот дијалог е поставена со препораките од Ад хок комисијата, изјави денеска Илија Димовски, пратеник и член на Работната група на Собранието за имплементација на препораките.

- Од тој аспект секое разногласие може да се толкува на секаков различен начин, што јас денеска нема да го правам, но ќе потенцирам дека единствена наша надлежност е да ги имплементираме препораките од Ад хок комисијата, онака како што стојат во извештајот прифатен од двете политички партии и потпишан од претставници легитимни на двете политички партии, рече Димовски, одговарајќи на наводите за различните ставови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  

- Препораките се совршено јасни и се што се движи во рамките на препораките, што значи почитување на сите препораки односно нивно неменување или неисфрлање од динамиката на работа на работната група, ќе значи позитивна и брза финализација на работата, вели Димовски. 

19.09.2013 - 16:33
Фото: 
Денешен

најчитано сега