Три жени ќе ја водат Народна банка на Република Македонија

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија Анита Ангеловска – Бежоска до Собранието достави предлог за именување на двајца нови вицегувенери.

До Собранието се предлага за вицегувернери да бидат именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска.

Двете гувернерски места во Советот на НБРМ се испразнија откако Ангеловска-Бежоска беше избрана за гувернер на НБРМ, а второто со истекот на мандатот на друг вицегувернер.

Емилија Нацевска доаѓа од местото советник на гувернерот за платни системи и евроинтеграции во НБРМ, додека Ана Митреска е директорка во Дирекцијата за монетарна политика и истражување во НБРМ. (МИА)

 

 

 

04.09.2018 - 12:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега