Судот одлучува дали ќе се слушаат преостанатите 14 „бомби“ за „Траекторија“
Исцрпена е листата на аудио разговори што СЈО ги предложи да се преслушуваат во судница како докази во постапката за предметот „Траекторија“.
На рочиштето во Кривичен суд не беа пуштени 14 „бомби“ на барање на СЈО, на што се спротивставува одбраната. Обвинителката Лиле Стефановска појасни дека во 14-те разговори кои побарала да се повлечат, а адвокатите одбиваат, имало приватни разговори, разговори кои се воделе на друг јазик, разговори кои не се транскриптирани и не се однесуваат за овој предмет.
Одбраната одбива да се повлечат спорните бомби на СЈО и бара да бидат пуштени, но без присуство на јавноста. За два разговора одбраната смета дека се од државен интерес бидејќи се помеѓу двајца министри.
По репликите меѓу обвинителката и адвокатите дадена е пауза за судот да реши дали ќе бидат преслушани и „спорните“ 14 бомби.
Судењето за „Траекторија“ по двомесечена пауза продолжи денеска со слушање на преостанатите од вкупно прелдожените 315 „бомби“ на СЈО.
Во аудио материјалите што денеска беа пуштени можеше да се слушна како поранешниот премиер Никола Груевски бара од поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески во изградбата на патиштата да се вклучи Љубисав Ивановн - Ѕинго.
Во друг разговор се слуша поранешниот министер за траспорт и врски Миле Јанакиески како договара патување во Кина за група од пет луѓе вклучувајќи го и него. Со амабасадорот Оливер Шамбевски разговара за агендата во Кина, за договорени средби со претседателите на „Синохидро", „Ексим банка".
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа