Џалалудин Хакадин, шефот на авганистанските талибанци почина

 

Џалалудин Хакани, основач на терористичката мрежа Хакани во Авганистан, почина по долга болест, соопшти портпаролот на талибанците, Забинулах Муџахед.

Тој за АП денес изјави дека Хакани починал вчера во Авганистан.

Хакани беше парализиран во изминатите десет години, и за него долго време ништо не се знаеше. Изминатите неколку години во јавноста излегуваше вест дека Хакани починал, но ниту една од тие информации не беше точна.

 САД ја прогласија екстремната мрежа на Хакани како терористичка организација во 2012 година.

Муџахед во соопштението го нарекува Хакани „религиозен научник и воин за пример”.

 

 

 

04.09.2018 -12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега