Последна недела лето: Вадете ја есенската гардербота доаѓа вистинско освежување

Во текот на следниот период температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање, позначителен пад ќе бележат минималните ноќни температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени додека на југоисток истите може да се спуштат до околу 20 степени.

Времето ќе биде сончево и претежно стабилно до самиот крај на денешниот вторничен ден додека пак утре (среда) ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за поретки грмежи.

Ќе започне да дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и најпарвин ќе биде претежно од југозападен правец и тоа претежно на запад додека веќе утре (среда) ќе биде од западен и од северозападен правец.

„Според моменталните анализи кој ние ги направивме условите за нестабилнопст ќе започнат да растат за време на викендот кој доаѓа.“ – вели метеорологот Славчо Попоски.

И долгорочните прогнози најавуваат дестабилизација кон крајот на оваа и на почетокот на наредната недела. Се најавува и намалување на температурите, па така, минимумот оваа недела ќе биде утре, околу 27 степени а наредната, температурата најниско ќе се спушти до 25 степени во Скопје.
Во втората половина на септември времето веќе ќе почне се повеќе да наликува на есенско. Врнежите од дожд ќе бидат речи си секојдневни а ќе следи и значително намалување на температурите, па така наутро, кон крајот на месецот веќе ќе ви треба и нешто по долги ракави. Дневните температури ќе се движат под 20 степени, а утринските ќе паѓаат и до 8 степени.

 

 

 

 

04.09.2018 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега