Осум невработени лица ангажирани за општо корисна работа во Гевгелија

Turn off for: Macedonian
 
 
 

 

 

Во општина Гевгелија денеска почна реализацијата на проектот за општо корисна работа за чија реализација на локалната самоуправа од страна на УНДП и беа одобрени средства за работно ангажирање на осум невработени лица.

- Меѓу осумте времено ангажирани лица, двајца се социјални работници, а шестмина се среднисти. Наредните шест месеци тие работно ќе бидат ангажирани по 20 часа неделно со паричен надоместок и осигурување, велат од општината.

Времено ангажираните во проектот за општо корисна работа по четири часа дневно ќе асистираат при пружање помош на деца со попреченост во Дневниот центар за лица со пречки и Центарот за деца со попреченост „Мајка Тереза“ во Гевгелија. Покрај ова, тие ќе одат во посета на стари и изнемоштени лица на кои исто така ќе им помагаат.

 

 

 

04.09.2018 -11:50

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега