Пред нас се студени денови: Вонредна временска најава

Во текот на следниот период температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање, позначителен пад ќе бележат минималните ноќни температури на воздухот кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 17 степени додека на југоисток истите може да се спуштат до околу 20 степени, стои во временската на Славчо Поповски.

Времето ќе биде сончево и претежно стабилно до самиот крај на денешниот вторничен ден додека пак утре (среда) ќе има услови за локален краткотраен дожд и услови за поретки грмежи.

Ќе започне да дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и најпарвин ќе биде претежно од југозападен правец и тоа претежно на запад додека веќе утре (среда) ќе биде од западен и од северозападен правец.

Според моменталните анализи кој ние ги направивме условите за нестабилнопст ќе започнат да растат за време на викендот кој доаѓа.

 

 

 

04.09.2018 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега