Новинарите не смеат да го снимаат Груевски во судницата

Во Kривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случајот „Траекторија“. Судијата, Горан Бошевски кој претседава со советот не им дозволи на медиумите да направат снимки од обвинетите во судницата, односно од екс-премиерот Груевски кој е меѓу нив.

„Траекторија“ е предмет на СЈО, во кој обвинети се експремиерот Никола Груевски и ексминистрите Миле Јанакиески и Владимир Пешевски за злоупотреби при изградбата на автопатните делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

 

 

 

04.09.2018 - 10:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега