Мицкоски на средба со Пејџ: Нашиот став за Договорот со Грција не се менува

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ д-р Христијан Мицкоски, заедно со делегација  од партијата оствари средба со Ендру Пејџ, Директор на Директоратот за Западен Балкан и Турција во Министерството за надворешни работи на Велика Британија.

На средбата се нагласија добрите билатерални односи помеѓу Велика Британија и Република Македонија како и потребата од понатамошно продлабочување на истите.

Во врска со актуелната политичка состојба во Македонија, Мицкоски го информираше Пејџ за бројните злоупотреби на власта.

Мицкоски исто така го информираше соговорникот дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Договорот со Грција останува цврст и принципиелен и дека Партијата не може ја поддржи содржината на истиот.

         

 

 

 

04.09.2018 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега