Пензионер во бавчата си одгледувал марихуана - македонската полиција го фати на дело

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против 67-годишниот Т.К.  од село Крајници, Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

На  29.08.2018 година во село Крајници, Чашка, од страна на полициски службеници, при претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени околу 12 килограми марихуана, додека на имотот на пријавениот засадени со други  земјоделски култури биле пронајдени 130 садници од растението “канабис  сатива“.

Од страна на судија при Основен Суд Велес на истиот му е изречена мерка притвор.

 

 

 

04.09.2018 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега