Шок во истрагата за тројното убиство во Дебар ја згрози Македонија - зошто ќерката го убила целото семејство

Поради сомнеж дека ја убија мајката Назмија, и таткото Амит, како и 14-годишната сестра Поцеста, постарата ќерка на семејството од тројното убиство Б.П. заедно со уште две лица кои и помагале во делото, се задржани во притвор.

Блерта Поцеста по злочинот се вратила во Италија, а потоа ја добила информацијата за смртта, па дошла пак во родниот крај да ги оплакува телата.

И помагале Ф.Г. кој и обезбедил превоз, како и В.К. кој и го набавил пиштолот за грозоморното убиство.

Амит со сопругата и ќерката дошол како и секоја година во родниот крај, од Италија каде живеел 30. години. Засега поради непознат мотив семејството е убиено на спиење, 17 часа лежеле во локви крв на кревет додека не ги пронашле роднини.

Постарата ќерка Поцеста земала пиштол во раката, влегла и прво ги убила мајка си и татко си во нивната соба, па се упатила кај помалата сестра.

Тричленото семејство беше погребано во вторникот.

Грозоморниот настан за кој се пишува со денови го потресе и регионот и светот, па се појави во сите медиуми.

 

 

 

04.09.2018 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега