Заев: Опозицијата може да мава по мене но народот сака да не види заедно

Заев на вечерашната трибина во Берово уште еднаш ја повика опозицијата да се придружи во кампањата за референдумот.

-Создадовме една натпартиска коалиција, обединети сме повеќе од 30 партии, убеден сум дека до референдумот ќе застанат и другите. Се придружија и сите стопански комори. Сами на пазар од 1.600.000 луѓе кои сме постојано тука, сме мал пазар. Со нас се и синдикатите. Приклучени се и невладините организации. Заедно сме сите здружени, верувам дека ќе се приклучат и другите партии. Опозцијата може и треба да биде критична, може да мава по Заев, но таа е исто така за НАТО и ЕУ. И знае дека нема НАТО и ЕУ без Договорот. Ги повикувам да ни се приклучат. Нашиот народ сака да не види зааедно. Нека критикуваат колку сакаат, но на ова прашање да застанеме заедно, зашто ова е шанса која не смееме да ја пропуштиме. Овој референдум е важен како оној во 1991 година. И тогаш не му беше лесно на народот,  ќе не биде ли сами како држава, рече Заев.

 

 

 

03.09.2018 - 21:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега