Роналдо по рекорден 6-ти пат најдобар на светот или Салах и Модриќ за прв пат?

 

Како што и се очекуваше Кристијано Роналдо од Јувентус, Лука Модриќ од Реал Мадрид и Мохамед Салах од Ливерпул се тројцата фудбалери кои ќе конкурираат за наградата најдобар играч на светот за 2018 година во избор на ФИФА.  

Првпат по 12 години меѓу тројцата кандидати за „Златната топка“ го нема капитенот на Барселона и петкратен освојувач на оваа награда Лионел Меси.

Претходните две години оваа престижна награда ја освои Роналдо, кој доколку ја освои и годинава ќе стане рекоредер со вкупно шест награди. 

Во конкуренцијата за најдобар тренер се најдоа селекторите на хрватската репрезентација, Златко Далиќ, и на француската репрезентација, Дидије Дешан, и доскорешниот тренер на европскиот шампион Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

Прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите ќе се одржи на 24 септември на свеченост во Лондон.

 

 

 

03.09.2018 -16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега