Кампањата за бојкот ќе ја водам со свои средства: Џафери не му даде пари само на Милошоски

Антонио Милошоски е единствениот пратнеик кој се пријави а не доби средства од Собранието за кампањата за референдумот. Кабинетот на Џафери денеска соопшти дека пари за рекламен простор ќе се одвојат само за пратениците од власта и албанските политички партии од опозицијата која најавија дека ќе го поддржат референдумот.

„Алоцираните финансии исклучиво ќе бидат користени само за намената за која се распределени средствата, односно за кампањата којашто ќе биде спроведена од страна на 71 пратеник коишто се изјасниле дека се во коалицијата ЗА референдумот, што претставува 59% од времето за повластено платено рекламирање во медиумите.“ – стои во соопштението од Собранието

Милошоски потврди дека не добил средства од Собранието. Сепак, како што вели, за него тоа не прави разлика. Најавува дека кампањата за бојкот на референдумот ќе ја води со сопствени средства.

 

 

 

03.09.2018 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега