Вонредна седница на косовското Собрание за предлогот за корекција на границата

Опозицијата во Косово утре со почеток од 10 часот свика вондредна седница на која ќе се расправа за иницијативата на косовскиот претседател Хашим Тачи за корекција на границатата со Србија.

 

Пратеникот на опозициската Социјалдемократска партија (ПСД) Дардан Сејдиу изјави дека очекува утре да се усвои резолуцијата со која ќе се забрани секому, па и на претседателот на државата, да преговара во врска со територијалниот интегритет на Косово.

На предлогот на Тачи за договор со српскиот колега Александар Вучиќ за размена на територии, покрај опозицијата, се спротивставуваат и две од трите албански партии во владејачката коалиција – Алијансата за иднината на Косово,  на премиерот Рамуш Харадинај и Иницијативата за Косово на вицепремиерот Фатмир Лимај.

 

 

 

03.09.2018 -14:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега