Средба на државните секретари на Македонија и Бугарија

 

Генералниот секретар на Владата на Република Македонија Драги Рашковски, придружуван од државните секретари и претставници на ресорните министерства на Република Македонија, денеска одржа работна средба со државните секретари и претставници на министерствата од Република Бугарија, на која беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката меѓу двете земји, соопшти владината прес-служба.

- Македонија е максимално посветена на одржување на континуитетот на реформите, по безусловната препорака за почеток на преговорите со ЕУ и поканата од НАТО, а Вашата помош и искуство, ни е посебно добредојдена, рече генералниот секретар Рашковски посакувајќи им добредојде на членовите на бугарската делегација.

 

Претставниците на делегацијата на Владата на Република Бугарија, истакнувајќи ја поддршката за македонско-бугарското пријателство и соработката на сите нивоа, изразија убеденост во позитивен исход од претстојниот референдум. Заеднички беше констатирано дека тоа ќе го забрза исполнувањето на евроатлантските аспирации на Македонија како придонес за безбедносна стабилност на регионот, и како придонес во создавањето на позитивна клима за економски развој и просперитет на регионално ниво.

 

 

 

 

03.09.2018 -14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега