24-часовен штрајк на Поморската федерација на Грција

Грчките бродови од 6 часот утрово се закотвени по сите  пристаништа во Грција  поради 24-часовниот штрајк на Поморската федерација  на Грција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, причината за штрајкот кој постои опасност да продолжи и во следните денови се колективните договори за екипажите на бродовите. Доколку штрајкот продолжи и во наредните некололку дена тоа ќе биде голем удар за грчкиот туризам.

 

Како што јавуваат од нашиот јужен сосед од федерацијата бараат зголемување за пет отсто на колективните договори, додека пак од компаниите предложиле зголемување за еден отсто сега и уште еден отсто од први јуни 2019, нешто што не било прифатено од Поморската федерација  на Грција.

 

 

 

 

03.09.2018 -12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега