Поради пожар уништен еден од најпознатите музеи во Рио Де Женеиро

 

Голем пожар го зафати Националниот музеј во Рио де Женеиро, еден од најстарите музеи во Бразил кој постои 200 години, при што се уништени огромен број артефакти–од археолошки пронајдоци до историски документи.

„Уништената зграда и колекцијата е непроценлива загуба за Бразил”, соопшти претседателот Мишел Темер. Тој додаде дека денеска е трагичен ден за Бразил, бидејќи 200-годишната работа, истражувања и знаење се изгубени.

Засега нема податоци што се изгорело во пожарот, а нема информации ниту за жртви и повредени во огнената стихија. Телевизиските снимки од пожарот, кој избувнал синоќа  покажуваат дека тој земал замав во текот на ноќта додека бил затворен за посетители. Огнот започнал околу 19.30 часот и се уште не се познати причините за тоа.

Музејот е формиран во 1818 година и во него се наоѓаат неколку клучни колекции, вклучувајќи ја египетската колекција, грчко-римските артефакти, палеонтолошката колекција во која се наоѓа и костур на диносаурус пронајден во регионот на Минас Гераис, како и најстариот човечки фосил пронајден во Бразил.

Музејот вкупно поседува повеќе од 20 милиони вредни предмети.

 

 

 

03.09.2018 -12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега