Вонредна временска информација: Доаѓа силно невреме

И покрај вистинските летни температури на воздухот кој и понатаму владеат во нашата држава но и пошироко во регионот сепак атмосферата во делови од државава и тоа особено на северозападот од истата започна да се дестабилизира каде има појава на локални врнежи и грмежи, стои во временската на Славчо Поповски.

Понатаму до самиот крај од денешниот понеделнички ден особено на север и на северозапад како локално и на запад ќе има нестабилност проследена со особено изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за сосема редок град.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

Утре (вторник) времето ќе биде претежно стабилно и суво но од север ќе продре нешто посвеж воздух па така и температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад и истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени.

Во среда повторно ќе има услови за локално дестабилизирање на атмосферата особено во северната половина од државава.

 

 

 

03.09.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега