Излезе првиот број на списанието „Стремеж“

На челно место во првиот број на „Стремеж“ во 2018 г. се објавени избрани песни од полскиот поет Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на СВП, во препев на Звонко Димоски. Рубриката Препеви и преводи донесува и поезија од Руми, препеана на македонски јазик од Тихомир Јанчовски.

 Во рубриката Поезија застапени се најновите поетски остварувања на Ристо Ѓ. Јачев, Борис Апостолов, Јовица Ивановски, Тони Павлески и Наташа Сарџоска, а во рубриката Проза расказите на Владимир Илиевски, Сузана Ѓорѓиевска и Маја Апостолоска. Новата рубрика насловена Нови гласови, ја промовира поезијата на дваесет и двегодишниот автор Андреј Ал-Асади.

 Рубриката Театар го донесува текстот на Тодор Кузманов посветен на овогодинешното 53-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“. 

 Последната рубрика In memoriam ги чува од заборав ликот и делата на Матеја Матевски, Трајче Крстески и Лилјана Дирјан за кои говорат Јовица Тасевски-Етернијан, Габриела Стојаноска-Станоеска и Оливера Ќорвезироска.

 Новата редакција на списанието е во состав: Габриела Стојаноска-Станоеска, Јовица Тасевски-Етернијан и Иван Антоновски.

 Списанието го издава Центарот за култура „Марко Цепенков“ - Прилеп со поддршка на Министерството за култура.

 

 

 

 

 

03.09.2018 -11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега