Нови протести во Солун против Договорот од Преспа

 

Грчките организации од дијаспората повикуваат на мирен и решителен протест во Солун против Договорот од Преспа. Овој протест треба да се одржи во сабоота за време на отворањето на Меѓународниот саем, а истиот се наведува дека нема да е подржан од ниту една политичка гарнитура.

-Сите со грчки знамиња во рака, дојдете да го преплавиме Солун по повод присуството на премиерот Ципрас на отворањето на меѓународниот саем. Собирот ги засега сите Грци, затоа што не треба да се дозволи словенизација на македонскиот хеленизам што води кон отстапување на грчки територии, пишуваат организаторите во соопштението.

Иницијаторите на овој протест се истите оние кои стоеја зад протеститите во Солун и Атина во јануарии февруари годинава, а најавени се автобуси од повеќе грчки градови кои ќе присуствуваат на протестот во Солун, За неговата безбедност најавено е дека ќе се погрижат над 3.500 полицајци.

 

 

 

03.09.2018 -10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега