Температурите нагло паѓаат: Подгответе се за „есен"

Времето денеска ќе биде посвежо, во претпладневните часови со услови за локален пороен дожд и појава на ретки грмежи. Повремено ќе дува умерен ветер. Минималната температура ќе биде 10, а максималната 35 степени. 

Во Скопје слично време со температура од 16 до 32 степена. 

Од утре, особено во среда и петок, се очекува променливо време со услови за повремен локален дожд претежно во планините.

До средината на неделата утринските и дневните температури ќе опаднат за околу четири до седум степени и до викендот ќе се задржи посвежо.

 

 

 

03.09.2018 - 07:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега