Алфа: МОН склучило уште 25 договори тешки стотици илјади евра

Финансискиот скандал со тетовската печатница „Арбериа Десигн“ и со фирмата Арс Ламина од Скопје отвора големи сомнежи во јавноста, откако министерството за образование во четири очи склучило два договори тешки близу 5,3 милиони евра, пренесе Алфа.

Телевизија Алфа веќе ги објави договорите склучени во четири очи. На двата, но и на останатите 25 договори – потпишан е министерот за образование Арбер Адеми. Во делот на известувањето на бирото за јавни набавки стои дека сите 27 договори биле склучени од 14 до 16 август оваа година, за час поскоро да стапат на сила.

Од министерството за образование тврдат дека тие само ги продолжиле веќе склучените договори.

Првиот договор бил потпишан кога со МОН раководеше Абдулаќим Адеми, вториот и најголем е од времето на Пиштар Љутфиу, а фирмата била избрана за истата набавка и лани со Рената Десковска на чело на Министерството. Убедливо најголем корисник на услугите на фирмите било Министерството за образование, под раководство на министрите Адеми и Љутфиу.

Но, од архивата на јавните набавки може да се види дека најголем број склучени договори се со институции раководени од ДУИ. Меѓу нејзините најредовни муштерии биле ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“, Општина Тетово и Гостивар, Фондот за пензиско осигурување, Секретаријатот за европски прашања, и за спроведување на рамковниот договор, Министерството за правда, „Македонска пошта“, како и Државниот универзитет во Тетово, на чие чело е ректорот Вулнет Амети, поранешен пратеник од ДУИ.

 

 

 

02.09.2018 - 15:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега