Балканот и регионот пред силно невреме - вонредна информација, подгответе се

Во следните 10тина часови како и повторно во текот на утрешното понеделничко попладне како и навечер во поголемиот дел од балканот поточно во соседна Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија на многу места ќе има изразена нестабилност проследена со обилни врнежи од дожд, силни и чести грмежи, силен ветер и појава на град, анализира Славчо Поповски.

Во зоната на големата нестабилност ќе има и значително количество на воден талог за кратко време па токму поради ова не се исклучува можноста за појава на локални поројни поплавувања.

Токму ова невреме ќе настане поради студениот фронт кој се наоѓа над Алпскиот регион и топлиот фронт кој се наоѓа точно над Балканскиот Полуостров.

На Македонските државјани доколку се наоѓаат или пак планираат да патуваат во овие споменати балкански држави да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ за да не дојде до некоја несакана ситуација.

Кај нас во Македонија понатаму услови за нестабилност проследена со претежно изолирана појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и услови за појава на редок град ќе има особено во северната и во северозападната половина од државава.

Да напоменеме дека во северните предели од Балканскиот Полуостров во следните 24 до 30 часа може да наврнат локано дури и од 50 до 100 л/м2 воден талог што е навистина премногу, најголеми условите за ова се во централна Босна како и на исток од Хрватска.

 

 

 

02.09.2018 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега