Заев: Пензионерите во ЕУ живеат покомотно, одиме на тој пат

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев и министерската за труд и социјана политика Мила Царовска, денеска во Радовиш ги отворија 23-те Пензионерски спортски игри. 

-Ги следиме европските пракси, гледаме како живеат пензионерите во земјите од Европска унија, поспокојно и покомотно. Токму затоа секојдневно работиме, затоа и стратешките чекори кои ги преземаме водат токму кон Европската унија. Тие чекори се за да го кренеме стандардот на достоинствено ниво какво што доликува на секој, кој чесно си ги изразботил своите продуктивни години и треба да ги ужива пензионерските денови исправено и горделиво, вели Заев.

Царовска рекла дека со организирање на различни настани од социјален, културен и спортски карактер, Сојузот на пензионери придонесува да се подобри нивниот статус.

-Македонија е социјална држава која се грижи за граѓаните преку обезбедување на социјална сигурност и пристап до социјалните права. Врвна цел на оваа Влада е што повеќе да ги унапреди и подобри овие права, со што ќе го подобри стандардот на пензионерите и ќе им обезбеди достоинствен и мирен живот. Затоа како што растат платите, растат и пензиите два пати годишно, вели Царовска.

 

 

 

02.09.2018 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега