Премиерот Заев се огласи за инцидентот на Водно

Премиерот, Зоран Заев, го осуди вчерашниот инцидент на Водно кога багерите ќе прегазеа активисти.

-Сакам да изразам жалење за ваквиот начин на однесување на багеристите, на претставници на изведувачите. Апсолутно ваков настан е за осуда, преку закани дека некој ќе нападне човечки живот. Ветивме дијалог за ова, се одржаа десетици состаноци, се работи за нашето Водно, за белите дробови на Скопје, но истовремено за проект од ограмна еколошка и економска вредност. Секоја цевка заштедува илјадници дрва. Се надевам сите заедно будно ќе продолжиме да го следиме проектот гасификација, затоа што било која друга алтернатива може да направи поголеми штети. Доколку гасоводот поминува реку Скопска Црна Гора,  проектот ќе направи дупло поголема штета во исечените дрвја, вели тој и додава дека зградбата ќе застане таму каде што имаат замерка, таму каде што нема ќе продолжи, јави Фокус.

 

 

 

30.08.2018 - 12:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа