Организацијата за забрана на хемиско оружје ќе добие две милиони евра од Германија
Со цел да им им помогнат во реализирање на контролата на уништување на хемискиот арсенал на Сирија, Германските власти ќе обезбедат два милиона евра.
Германскот министер за надворешни работи Гидо Верстервеле предложи техничка и финансиска поддршка за да се помогне во уништувањето на тој вид оружје во Сирија. Тој рече дека Германија одлучила да достави дополнителни финансиски средства за да може таа органзиација да се справи со тешката задача.
Во договорот САД-Русија се повикува Сирија да даде отчет за хемиското оружје до идната недела и тие да бидат префлени од таа држава или уништени до средината на 2014 година. Органзиацијата за забрана на хемиско оружје треба да го контролира процесот.
19.09.2013 - 13:30
Фото:
Журнал.мк