Турција ја затвори границата со Сирија

 

Турските власти, денеска итно го затворија граничниот премин во градот Килис, откако голем број борци поврзани со Ал Каеда го заземаа градот Азаз во северниот дел на Сирија, на 35 километри од Алепо, пренесува ИТАР-ТАСС.

- Вчера околу 300 членови на терористичката група „Исламска држава во Ирак и Левант“ извршиле напад врз бригада на антивладината „Слободна сириска армија“ и ја истерале од пограничниот град, известува телевизијата „Ал Мајдин“.

Сириската бунтовничка група „Џебхат ан Нусра“ прогласи контрола над Азаз, на пет километри од границата.

19.09.2013 - 13:03
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега