ВИДЕО: Убивале семејства и тоа го сметале за професија - уапсено руското семејство од пеколот
Конечно полицијата во Русија го реши случајот со сериските убиства кои се случиле во земјата и ги уапси осомничените за ужасни злосторства. Уапсени се поранешна наставничка во градинка Инес Тарвердијева, нејзиниот сопруг Роман Подкопаев и нивните две ќерки на возраст од 25 и 13 години кои учествувале во убиството на околу 30 луѓе, меѓу кои имало и деца.
Цели шест години, семејството убивало невини луѓе, и кога конечно биле фатени Подкопаев беше застрелан во престрелката со полицијата, а една од ќерките сериозно повредена. Меѓу жртвите на монструозното семејство се и шест полицајци. Полицијата се сомнева дека семејството најголем број убиства ги извршило во последните шест години.
Во текот на судењето,поранешната наставничка рекла дека семејството на убиствата гледа како "одење на работа" - убивањето и грабежите за нив било начин да заработат пари. Таа, исто така, рече дека тие ги мразеле полицајците и дека тие биле "гангстери по природата."
Меѓу жртвите биле пронајдени и деца. Едно момче било убиено со стрелање во главата, додека 11-годишно девојче било избодено со нож до смрт. На две тинејџерки им биле извадени очите пред да бидат убиени!
Меѓу уапсените се и сестрата на Подкопаева Анастасија и нејзиниот сопруг Сергеј Синелник поранешен сообраќаен полицаец.
Тие се осомничени како соучесници во монструозните убиства.